ПРВ.мк
Сцена

Замолкна кралот на темнината: Почина Ози Озборн на 76 години

Замолкна кралот на темнината: Почина Ози Озборн на 76 години
Escape

Легендарниот фронтмен на „Блек Сабат“, Ози Озборн, почина на 76-годишна возраст, потврди неговото семејство. „Со тешки срца соопштуваме дека нашиот сакан Ози замина утрово, опкружен со семејството и љубовта“, стои во нивното соопштение.

Озборн беше икона на хеви-метал музиката. Со „Блек Сабат“ од 1968 година ги постави темелите на жанрот со хитови како „Paranoid“, „War Pigs“ и „Iron Man“. По неговото заминување од бендот во 1979 година, започна успешна соло кариера, објавувајќи повеќе од десет албуми.

Во 2000-те стана и ТВ ѕвезда со семејното ријалити шоу „Озборнови“, кое откри друга, поемотивна страна од рок-иконата.

Неговото последно појавување беше на 5 јули 2025 година во Бирмингем, каде што настапи заедно со оригиналната постава на „Блек Сабат“. Иако здравствено ослабен и седеше за време на настапот, фановите бурно го поздравија неговото враќање.

Музичкиот свет денес изгуби една од најмоќните и највлијателни фигури во историјата на рокот.

Mia Home Mavrovo