ПРВ.мк
Магазин

Љубов по болката: Дали Лиам Нисон и Памела Андерсон се новата холивудска романса?

Љубов по болката: Дали Лиам Нисон и Памела Андерсон се новата холивудска романса?
Escape

Сцени исполнети со нежност, блискост на црвениот тепих и признанија за длабока поврзаност предизвикаа шпекулации дека Лиам Нисон и Памела Андерсон можеби се на почетокот на нова, неочекувана љубовна приказна. Двајцата глумци, кои ги толкуваат главните улоги во новото продолжение од култниот филмски серијал The Naked Gun, повторно се во центарот на вниманието – не само поради филмот, туку и поради сѐ поинтензивните гласини за романса.

На премиерата во Лондон, Нисон и Андерсон беа речиси неразделни – се држеа за рака, се гледаа со топлина, а во еден момент Памела го бакна актерот додека позираа заедно пред фоторепортерите. Фановите, кои ги следат овие моменти, веруваат дека меѓу нив има нешто многу повеќе од колегијална хемија.

Ова не е првпат да се отвори темата. Во едно неодамнешно интервју, 73-годишниот Нисон изјави дека се „лудо вљубил во Памела“ додека снимале интимни сцени, при што ја пофали хемијата меѓу нив и истакна дека таа била толку силна, што дури и координаторот за интимност се повлекол. „Таа е прекрасна. Нема его. Само доаѓа, работи и шири позитивна енергија“, рече Нисон.

Андерсон, пак, возврати со зборови исполнети со почит и блискост: „Имаме конекција која е многу искрена, со многу љубов. Тој е прекрасна личност.“

И покрај јасната блискост меѓу нив, извори блиски до Лиам тврдат дека не станува збор за љубовна врска, туку за длабоко пријателство. Сепак, фановите не се убедени. Според нив, токму ваква нежна и искрена врска е токму она што и двајцата го заслужуваат.

Причината за толкав емоционален интерес лежи и во нивните лични трагедии. Лиам Нисон ја загуби својата сопруга во 2009 година, кога таа трагично загина во скијачка несреќа. Оттогаш, не е поврзан со ниту една сериозна партнерка. Има два сина и секогаш го ставал татковството на прво место.

Памела Андерсон, пак, минуваше низ тежок период по бурниот брак со Томи Ли, со кого има две деца. Премрежиња со насилство, секс-скандал и правни битки ја следеа со години, но актерката успеа да се издигне и да остане стабилна, посветена и горда мајка.

И двајцата се родители што избраа семејството да биде поважно од сè. Затоа, ако оваа блискост навистина се претвори во љубов, за многумина ќе биде како праведна награда по години полни со болка и загуба.

Дали станува збор за пријателство или вистинска љубов? Засега никој не потврдува ништо, но погледите, прегратките и насмевките зборуваат повеќе од илјада зборови.

Mia Home Mavrovo