ПРВ.мк
Магазин

Ја фрлате кората од лубеница? Можеби ја исфрлате најздравата состојка за срце, циркулација и енергија!

Ја фрлате кората од лубеница? Можеби ја исфрлате најздравата состојка за срце, циркулација и енергија!
Escape

Кората од лубеницата – делот што најчесто завршува во ѓубре – всушност крие неверојатен здравствен потенцијал. Особено нејзината бела внатрешност е богата со природни соединенија кои можат да направат вистинска промена во вашето тело.

Највредна меѓу нив е аминокиселината цитрулин, која директно влијае врз здравјето на срцето, подобрува циркулација и делува како природен стимуланс. Откако ќе се апсорбира, се претвора во аргинин – соединение за кое научно е потврдено дека има позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем и може да помогне и во подобрување на сексуалната функција.

Иако не делува толку интензивно како синтетичките препарати, лубеницата има природен ефект сличен на нив, без несакани ефекти.

Покрај тоа, кората содржи високи дози на витамини B6, C и A, како и минерали како магнезиум, цинк и калиум – идеални за јакнење на имунитетот и зголемување на енергијата.

За оние што внимаваат на шеќер или имаат проблеми со гликемискиот индекс, смути со кората и црвениот дел од лубеницата, комбиниран со јаткасти плодови, е совршено освежување со умерен ГИ – вкусно, здраво и балансирано.

Следен пат кога ќе исечете лубеница – не брзајте да ја фрлите кората. Можеби токму таму се крие тајната за повеќе енергија, подобра циркулација и поздраво срце.

Mia Home Mavrovo