ПРВ.мк
Македонија

Дали луксузот станува нужност? 1.200 денари само за влез во базен под скопското сонце?!

Дали луксузот станува нужност? 1.200 денари само за влез во базен под скопското сонце?!
Escape

Температурите во Скопје достигнуваат до 42°C, а граѓаните очајно бараат начин да се разладат, барем за неколку часа. Иако скопскиот аквапарк кај „Јане Сандански“ останува затворен и ова лето, алтернатива се базените ширум градот – но и таму не е евтино.

Цените варираат: влезниците за обичните базени се движат од 300 до 400 денари, додека за пософистицираните и луксузни комплекси околу Скопје, цената може да достигне и до 1.200 денари – само за влез, без пијалак или храна.

Петровец, Кучково, Катланово, Трубарево, Драчево – овие дестинации нудат базени во рамки на хотели, ресторани и вили, со чиста вода, високо ниво на услуга и организирани забави. Сепак, луксузот доаѓа со цена. Многу посетители реагираат дека за едно просечно семејство, еден ден на базен може да чини над 3.000 денари, ако се пресмета и храна и пијалок, кои на овие локации се по правило поскапи.

„Сѐ е совршено – вода, услуга, атмосфера. Но цената за влез од 1.200 денари е навистина висока ако не добиваш ништо друго освен базен“, вели една скопјанка, редовен посетител на ваквите комплекси.

Некои од овие базени нудат тематски забави, пена парти и настапи од познати диџеи, со што се оправдува дел од цената, но за голем дел од населението, летното освежување полека станува луксуз кој не секој може да си го дозволи.

Mia Home Mavrovo