Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ повторно се најде во центарот на вниманието откако на кратко објави, а потоа веднаш избриша видео на социјалните мрежи во кое се гледа интимен момент со непозната девојка на брод.
Иако објавата брзо исчезнала од неговиот профил, видеото веќе било преземено и споделено на повеќе платформи, каде што предизвикало лавина реакции, коментари и шпекулации за идентитетот на девојката.
На снимката се гледа како пејачот лежи на палубата на брод, додека девојката го држи во скут и во еден момент го бакнува. Како музичка подлога е користена неговата песна „Рај“ од првиот албум, што дополнително го засили интересот кај фановите.
По објавата, дел од корисниците на социјалните мрежи почнале да тврдат дека девојката е босанската пејачка Џејла Рамовиќ. Теоријата дополнително се проширила на платформата X, каде што се појавиле тврдења дека „тие се заедно“, иако без никаква официјална потврда.
Интересот околу случајот се зголемил и поради претходните нивни јавни настапи и професионални соработки, поради што дел од публиката и порано ги поврзувала во романтичен контекст.
И покрај лавината шпекулации, ниту Јаков Јозиновиќ ниту Џејла Рамовиќ не се огласиле за видеото, ниту ги потврдиле или демантирале тврдењата што се шират на интернет.
Засега останува непотврдено дали навистина станува збор за Џејла Рамовиќ, додека видеото продолжува да циркулира на социјалните мрежи и да предизвикува реакции кај публиката.








