Еден од најпопуларните пејачи на балканската сцена, Саша Ковачевиќ, по осум години љубовна врска конечно ја запроси својата партнерка, Зорана Тасовац.
Српскиот шармер, кој долго време важеше за еден од најпосакуваните ергени, реши да го сподели интимниот момент со своите следбеници на Инстаграм. На видеото се гледа како Саша клекнува на колено, ја вади кутијата со прстенот и ѝ го поставува најважното прашање во животот, додека во позадина се прикажуваат нивни заеднички спомени од изминатите години.
„Ти си мое денес, ти си мое утре“, напиша Саша под објавата, која за кратко време собра илјадници честитки.

Во видеото се појавува и ќерката на Зорана од првиот брак, Искра, со која Ковачевиќ има прекрасен однос и често истакнува дека ја смета за дел од своето семејство.
Години наназад новинарите го прашуваа пејачот кога ќе се ожени, а тој секогаш одговараше дека не брза – сега, очигледно, дојде моментот кој сите го очекуваа.















