ПРВ.мк

Три години турнир во мал фудбал во Јегуновце

Три години турнир во мал фудбал во Јегуновце
Jumbo Banner

На 4 мај, членовите на Организацијата на „Турнир во мал фудбал Јегуновце“ го отворија истоимениот турнир кој се одржува три години по ред во тетовското село. Првите натпревари беа проследени од голем број на присутни љубители на фудбалот и добрата атмосфера.
Од организацијата истакнаа дека се благодарни на поддршката која ја добиваат од локалните спонзори, пријатели, како и помошта од локалната самоуправа на Општина Јегуновце.
Бројот на екипи продолжува да расте од година на година со тоа што оваа година брои 20, а организаторите веруваат дека таа бројка ќе продолжи да расте и во иднина. Како пример за посветеноста на организацијата и вложениот труд од мештаните, вреди да се напомене дека фудбалското игралиште во Јегуновце оваа година доби и трибина која придонесува кон поголема присутност на уживатели на спортот.
Турнирот трае се до одржување на финалето на 24 мај, а јегуновчани ги очекуваат сите на квалитетни натпревари, убава храна и пријатна атмосфера, велат од организацијата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран