Левандовски се враќа за реваншот против Интер – Барса ќе биде посилна во Милано
Добра вест за Барселона пред клучниот реванш против Интер – Роберт Левандовски е подготвен за настап и ќе биде во тимот за полуфиналето од Лигата на шампионите во Милано. Од клубот потврдија дека полскиот голгетер целосно се опоравил од повредата која ја заработи на 19 април на натпреварот од Примера против Селта.
Тренерот Ханси Флик не можеше да смета на 36-годишниот напаѓач од Варшава во изминатите неколку натпревари, но сега добива огромно засилување за еден од најважните дуели во сезоната.
Левандовски има импресивна сезона зад себе – постигна 40 гола за Барса, од кои 25 во Ла Лига и 11 во Лигата на шампионите.
Реваншот против Интер ќе се игра во вторник, со почеток од 21:00 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано. Првиот натпревар на „Монжуик“ понуди вистински фудбалски спектакл и заврши без победник – 3:3.