ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Македонскиот јазик е нашата единствена неподелена татковина

Ѓорѓиевски: Македонскиот јазик е нашата единствена неподелена татковина
Jumbo Banner

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по повод 5 Мај – денот на кодификацијата на македонскиот литературен јазик, порача дека македонскиот јазик претставува темел на нашиот идентитет и наша најголема духовна и културна вредност.

„Македонскиот јазик е нашиот идентитет – нашата единствена неподелена татковина“, истакна Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи, додавајќи дека кодификацијата на 5 мај 1945 година не значи почеток на јазикот, туку официјално систематизирање на веќе постоечката живописна јазична традиција.

Градоначалникот се осврна и на историјата на јазикот, нагласувајќи дека македонскиот јазик постоел и се користел низ вековите, преку народниот говор, песните, преданијата и мудростите, а со стандардизацијата добил признание и темел за натамошен развој на книжевноста, науката, образованието и медиумите.

Во духот на чествувањето, Ѓорѓиевски информираше дека во соработка со Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и ЗЕЛС, во сите основни училишта во Кисела Вода ќе се дистрибуираат примероци од правописот на македонскиот литературен јазик.

„Посебно ми е драго што реализираме оваа симболична, но многу значајна акција. Не само што го збогатуваме библиотечниот фонд, туку уште поважно – го јакнеме духот на почит кон јазикот што е темел на нашиот идентитет“, рече Ѓорѓиевски, изразувајќи благодарност до директорот на Националната библиотека, Јовица Никчевски, за поддршката во оваа иницијатива.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран