Вчера во ОВР Берово е пријавено дека околу 10.00 часот во с.Двориште, беровско, поради претходно наршени односи, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(75) и В.Р.(45), двајцата од с.Двориште, при што биле употребени и тврди предмети.
Од МВР соопштуваат дека додоцна, во врска со настанот, во ОВР Берово В.Р. пријави дека пред неговиот двор во селото, В.К.(53) од с.Двориште се обидел да го удри со патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.