ПРВ.мк

Лишен од слобода возач во валандовско, управувал возило со брзина од 97 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

Лишен од слобода возач во валандовско, управувал возило со брзина од 97 км/час на место каде е дозволено 40 км/час
Vero

На 22.05.2025 во 09.30 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко.

При сообраќајна контрола, полициские службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран