ПРВ.мк
Република

ИСТОРИЈАТА ГО ПАМТИ: На денешен ден се родил револуционер – кои мистерии ги остави Христо Узунов?

ИСТОРИЈАТА ГО ПАМТИ: На денешен ден се родил револуционер – кои мистерии ги остави Христо Узунов?
Kristal

На 22 февруари 1878 година во Охрид е роден Христо Узунов, еден од најзначајните претставници на охридското револуционерно движење во периодот на национално будење и самосозревање на македонскиот народ.

Потекнува од семејство длабоко вкоренето во просветната и револуционерната традиција. Неговиот татко бил учител и активен учесник во движењето, додека мајка му била од Струга, од семејството на познатиот преродбенски деец Ѓорѓи Чакалов. Воспитан во духот на слободољубие и пожртвуваност, Узунов уште млад го избрал патот на револуционерната борба.

По востаничките настани останал во татковината со решеност борбата да продолжи. Неговата последна епизода се случува на 24 април 1905 година, кога со својата чета, заедно со крушевскиот војвода Ванчо Србаков, влегува во селото Цер, кичевско. Таму биле опколени од силни османлиски сили, без можност за помош и извлекување.

Свесен дека спас нема, Узунов го напишал своето последно писмо упатено „до сите чесни револуционери“ – документ што и денес претставува сведоштво за неговата верба, принципиелност и грижа за Организацијата. Во него тој зборува за предавството, за архивата што ја оставил на чување, за борбата што ја очекувале и за убедувањето дека нивната идеја ќе биде постигната.

Во писмото остава и последен совет: искреност кон делото и почитување на основните закони на Организацијата. Ја поздравува својата мајка, братот Ангеле и роднините, бара прошка доколку несвесно згрешил и изразува спокој дека заминува со „чиста совест“.

По испраќањето на писмото, тој и неговите соборци си го одзеле животот за да не паднат живи во рацете на непријателот. Со тоа, Христо Узунов станува симбол на саможртва и непоколеблива верност кон идеалот за слобода – име што и повеќе од еден век подоцна останува длабоко врежано во македонската историска меморија.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape