ПРВ.мк
Република

ИНТЕРЕС ЗА ИСТОРИЈАТА И ТРАДИЦИЈАТА: Зголемена посетеноста на спомен-куќите во Велес - еве што се можете да видите!

ИНТЕРЕС ЗА ИСТОРИЈАТА И ТРАДИЦИЈАТА: Зголемена посетеноста на спомен-куќите во Велес - еве што се можете да видите!
Kristal

Во 2025 година, трите спомен-куќи во Велес – на Коста Солев Рацин, Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов Џинот – забележаа околу 4.500 посетители, што е зголемување за 1.000 посетители во однос на 2024 година кога биле околу 3.500.

Најголем интерес, како и во претходните години, предизвика Спомен-куќата на Коста Солев Рацин. Сепак, минатата година се зголемил и интересот за останатите две спомен-куќи, сите сместени во високиот стар дел на Велес.

Според информациите од Народен музеј Велес, во бројките не се вклучени посетите на припадниците на АРМ од велешкиот гарнизон и нивните делегации, кои дополнително додаваат околу стотина посетители.

Зголемената посетеност е резултат и на соработката со основните и средните училишта од Велес и други градови, како и на организирани едукативни и грнчарски работилници во спомен-куќите, насочени кон различни возрасни групи и културното наследство.

Од Народниот музеј најавуваат дека оваа практика ќе продолжи и во наредниот период, со цел дополнително приближување на културното наследство до јавноста.

Посетите на спомен-куќите можат да се организираат со претходна најава од еден или два дена, со водство на кустос, на телефонските броеви: 075 298 957 и 043 231 434, или на е-пошта: [email protected].

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape