ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ ПРОТИВНЕЛЕГАЛЕН СЛУЧАЈ: Полицијата откри продажба на кокаин во угостителски објект - ова се деталите!

НОВ ПРОТИВНЕЛЕГАЛЕН СЛУЧАЈ: Полицијата откри продажба на кокаин во угостителски објект - ова се деталите!
Kristal

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ш. (50) и М.А. (24) од истиот град, поради сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според МВР, првопријавениот, сопственик на угостителски објект во село Чегране, во периодот од декември 2024 до 31 јануари 2026 година вршел продажба на кокаин. Второпријавениот, вработен во објектот, обезбедувал директна продажба на корисници.

Истрагата откри дека на 17 јули 2025 година, при преглед на едно лице во населбата Питарница во Гостивар, бил пронајден и одземен кокаин набавен од второпријавениот.

На 31 јануари 2026 година бил извршен претрес во угостителскиот објект во Чегране, при што биле одземени кокаин и гасен пиштол „Екол“ калибар 9 мм.

Против двајцата осомничени е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство, а истрагата продолжува.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape