ПРВ.мк
Црна Хроника

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Казнет сопственикот на објектот во Делчево, каде избувна пожар - еве со што се соочи!

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Казнет сопственикот на објектот во Делчево, каде избувна пожар - еве со што се соочи!
Kristal

МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35) за кривично дело „предизвикување општа опасност“. Причина е пожарот што избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во објектот биле сместени околу 30 гости, што довело до сериозна опасност за нивниот живот и здравје.

Полицијата истакнува дека неправилностите во изградбата и непочитувањето на безбедносните стандарди директно придонеле за ризикот од поголеми последици.

  • Пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба (член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување).
  • Не обезбедиле проект за објектот, одобрение за градење, ниту согласност на елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи.
  • Објектот не бил евидентиран во Агенцијата за катастар на недвижности, а дејноста се извршувала без соодветна документација.

Случајот е документиран и поднесен до надлежното обвинителство.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape