ПРВ.мк
Топ Вести

ЈАСНА ПОРАКА ОД ЛИДЕРОТ: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено!

ЈАСНА ПОРАКА ОД ЛИДЕРОТ: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено!
Kristal

На маргините на 62-та Минхенска безбедносна конференција, премиерот Христијан Мицкоски потенцираше дека членството на Македонија во Европската Унија не е милост, туку нешто што земјата одамна го заслужила.

Во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТ), Мицкоски истакна дека Владата постојано се бори да ја прикаже македонската приказна и да укаже на неправдите и предизвиците со кои се соочила земјата во евроинтегративниот процес. Тој нагласи дека македонските граѓани чувствуваат фрустрација поради обиди од внатрешни структури на ЕУ да се наруши кредибилитетот на Унијата, но додаде дека Македонија секогаш излегува победник.

– „Генерално, ние како македонска Влада, каде и да одиме, се бориме за она за кое што веруваме, а тоа е да ја раскажеме нашата верзија од приказната, која што според нас е вистината... Македонија победува, колку и да требало време, ние ќе се бориме и ќе сме трпеливи“, рече Мицкоски.

Тој коментираше и за односот со САД и ЕУ, посочувајќи дека минатата година пораките од американската страна биле подиректни, додека оваа година биле поозначени, но суштината останува иста – јасно одредување на одговорности и придобивки во партнерството.

Во рамки на конференцијата, Мицкоски учествуваше на тркалезна маса за проширување на ЕУ и оствари средби со бројни меѓународни лидери, меѓу кои холандскиот премиер Дик Схоф, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, украинскиот претседател Володимир Зеленски, специјалниот пратеник на претседателот на САД Ричард Гренел, и претседателот за глобални прашања на Глобалниот институт Голдман Сакс, Џаред Коен.

Мицкоски дополнително појасни дека Македонија добила исти услови за трговски тарифи со САД како државите од ЕУ, што ја прави единствената земја во Европа надвор од Унијата која на билатерална основа договара таков договор.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo