ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ: Почина актерката Ленче Делова - еве што остави зад себе!

ГОЛЕМА ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ: Почина актерката Ленче Делова - еве што остави зад себе!
Kristal

Скопскиот Драмски театар соопшти дека почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова на 77 години.

Родена на 15 јуни 1948 во Скопје, Делова на сцената на Драмски настапуваше од 1964 година како актерка-аматерка, а од 1970 стана постојан член на ансамблот, каде играше до пензионирањето во 2013 година.

За својата долга кариера, таа учествувала во околу 60 претстави, меѓу кои „Џон Пиплфокс“ (1965), „Макбет“ на Шекспир, „Вишновата градина“ на Чехов, и „Чија си“ (2013). Освен тоа, Ленче Делова глумеше во над 30 филмови, ТВ-филмови и серии, меѓу кои „Детективи“, „Илинден“, „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Чук Чук Стојанче“, „Еурека“, „Болва в уво“, „Пред дождот“ и „До балчак“.

За улогата на Офелија во „Хамлет“ ја доби наградата „13 Октомври“, а за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“ беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот „Војдан Чернодрински“, каде во 2006 година ја доби и наградата за животно дело.

Ленче Делова остави неизбришлив белег во македонската културна сцена и ќе остане запаметена како една од најголемите актери на својот век.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo