На 14 февруари 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода тројца скопјани: К.А. (31), М.Д. (52) и Г.Д. (25).
При претресите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.
Откако случаите ќе бидат целосно документирани, против осомничените ќе следуваат соодветни поднесоци.

















