ПРВ.мк
Црна Хроника

НАПАД ВРЗ ПЕНЗИОНЕРКА: Mаж насилно упаднал и нападнал старица во нејзиниот дом - веднаш реагирала полицијата!

НАПАД ВРЗ ПЕНЗИОНЕРКА: Mаж насилно упаднал и нападнал старица во нејзиниот дом - веднаш реагирала полицијата!
Kristal

Полициски службеници од СВР Штип успешно расветлија кривично дело „разбојништво“ според член 237 од Кривичниот законик.

На 27 јануари 2026 година, С.Д. (81) од Штип пријавила дека непознато машко лице со употреба на сила влегло во просторијата каде што престојувала, физички ја нападнало и и нанело тешки телесни повреди, при што одзел мобилен телефон и прстен, со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.

По преземени оперативни мерки, како сторител е идентификуван Џ.Д. (36) од Кавадарци, кој на 14 февруари 2026 година бил приведен во Прилеп и предаден на СВР Штип.

На 15 февруари, против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Штип, а судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo