ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРУМИЦА ПОД ЛУПА: Запален завтомобил на поранешен инспектор - кој е вклучен и зошто?

СТРУМИЦА ПОД ЛУПА: Запален завтомобил на поранешен инспектор - кој е вклучен и зошто?
Kristal

Вчера вечерта во Струмица беше запален автомобил кој јавноста го поврзува со поранешен инспектор од Министерство за внатрешни работи, а инцидентот се случи во близина на поранешниот објект „Симпо“.

Пожарот го зафати предниот дел од возилото, кој целосно изгоре, а на местото веднаш интервенираа противпожарни екипи.

Надлежните служби извршија увид, а истрагата е во тек. Засега официјално не се соопштуваат причините за пожарот, но во јавноста се појавија сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат.

За целосно расветлување на настанот, ќе се анализираат снимките од надзорните камери во околината, со цел да се утврди точниот тек на настанот и евентуалното постоење на кривично дело. МВР најавува дополнителни детали во текот на следните денови.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape