Студеното време и снегот изненади многумина низ земјава, а Битола утрово се разгуби со снежна покривка.
Снег имаше и на повисоките места низ земјава, на Попова Шапка, Маврово, Водно, на Пелистер, а ски центарот Михајлово исто така е под снег.
Снежната покривка според УХМР беше 24 сантиметри во Крушево, 18 сантиметри во Охрид, пет во Тетово, 22 во Битола и 1 сантиметар во Прилеп.
Температурите деновиве паднаа под нулата, а се очекува да продолжат и во следните денови. Стабилизирање на времето се очекува дури за викенд.