ПРВ.мк

Во Битола одбележан светскиот ден на бездомните животни

Во Битола одбележан светскиот ден на бездомните животни
Jumbo Banner

Млади битолчани, љубители на домашни животни, волонтери и стручни лица го одбележаа Светскиот ден на бездомни животни. Прв пат, оваа година, одбележувањето се одржа во прифатилиштето за бездомни кучиња Хачико кое Општина Битола го отвори минатата година и работи во рамки на локалното јавно претпријатие Комуналец.

„Светскиот ден на бездомните животни е уште една можност учениците да се запознаат со начинот на работа на прифатилиштето, со грижата што се пружа на штитениците и да вдомат куче. Во прифатилиштето Хачико има секојдневна стручна грижа, хуман третман и затоа потребна е континуирана поддршка“, посочија учесниците одбележувајќи го светскиот ден на бездомните животни во Битола.

Прифатилиштето за бездомни кучиња Хачико во Битола работи врз принципот залови-стерилизирај-врати, односно откако кучињата ќе го поминат хуаманиот третман, се враќаат на истата локација од каде биле заловени.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран