Кинеските астролози предвидуваат финансиски процвет за три хороскопски знаци.
Април е месец на големи промени, искористете ги на најдобар можен начин!
Април конечно донесе добри вести! Кинеските астролози велат дека три хороскопски знаци можат да се подготват за огромен финансиски пресврт – и тоа во најдобар можен правец. Тигар, Коњ и Свиња овој месец се миленици на ѕвездите, а пред нив се денови полни со можности, успеси и – пари.
Тигар
Години: 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010.
За Тигрите конечно дојде среќен момент! Во последните месеци се соочуваа со бројни предизвици, а материјалната несигурност им создаваше главоболки. Но, добрите вести доаѓаат веќе од 12-ти април – ѕвездите се враќаат на нивна страна! Тигрите ги очекуваат одлични деловни прилики, можност за унапредување или дури и нов извор на приходи. Сè што ќе започнат во овој период ќе има успешен исход, па затоа – нека продолжат со храброст!
Коњ
Години: 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014.
Коњите се познати по својата енергија, упорност и работна етика. И токму затоа – универзумот реши да ги награди! Април им носи голем деловен пресврт и сериозен прилив на пари. Можеби е време за нова позиција, отворање на сопствен бизнис или некоја изненадна понуда што ќе ги промени работите? Што и да се случи – Коњите треба да бидат подготвени да ги искористат можностите што доаѓаат. Периодот до средината на мај е особено поволен – нека блескаат!
Свиња
Години: 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019.
Доколку го имате овој хороскопски знак во вашето семејство – среќата не ве напушта! Овој знак секогаш некако “се подигнува на нозе”, дури и кога околностите не изгледаат најдобро.