Тројца жители на Струмица вчера се уапсени во село во беровско откако претходно во Делчево упаднале во куќа и грабнале жена, чијашто возраст не се соопштува, насила одведувајќи ја со автомобил, соопшти полицијата.
„На 06.04.2025 во 14:40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја зеле 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.