ПРВ.мк

Трамп воведе царини и на земја за која никогаш не слушнал: Луѓето во оваа земја заработуваат 250 денари дневно

Трамп воведе царини и на земја за која никогаш не слушнал: Луѓето во оваа земја заработуваат 250 денари дневно
Jumbo Banner

Америка воведе највисоки царини за стоката од Лесото, мала африканска земја за која Трамп во март рече дека никогаш не чул.

Лесото е сиромашна земја без излез на море, со бруто домашен производ од нешто повеќе од две милијарди долари.

Лесото е една од најсиромашните земји во светот, а скоро половина од населението живее под прагот на сиромаштијата.

Нејзиниот БДП по жител во 2023 година бил 974 долари, а се очекува да порасне на 998 долари до крајот на 2025 година. Просечниот жител на Лесото заработува помалку од пет долари дневно.

ELS

Американците кои увезуваат стока од оваа мала јужноафриканска земја сега ќе плаќаат дополнителни 50% увозни такси.

САД имаат значителен трговски дефицит со Лесото. Таа земја извезува текстил, вклучувајќи фармерки, и дијаманти во Америка.

„Загрижен сум за затворањето на фабрики и губењето работни места“

Стапката од 50% е воведена како дел од она што Трамп го нарече реципрочни царини на увозот од десетици земји, вклучувајќи 20 земји од Африка. Сите погодени земји се соочуваат со минимална стапка од 10 проценти.

Министерот за трговија на Лесото, Мокети Шелиле, изјави дека неговата влада ќе испрати делегација во Вашингтон да се обиде да ја оспори оваа мерка.

„Најмногу бев загрижен за тековното затворање на фабрики и губењето работни места“, рече тој за новинарите во четврток, пренесува новинската агенција AFP.

Трамп со оваа мерка сака да го намали трговскиот дефицит на САД со остатокот од светот, што е и причината зошто Лесото е толку погодена.

Според податоците на Белата куќа, САД во 2024 година извезле стоки во вредност од само 2,8 милиони долари од Лесото, додека увозот од таа земја изнесувал 237,3 милиони долари.

Американските официјални лица ја користеле разликата помеѓу увозот и извозот за пресметување на царините за секоја земја.

Клинтоновиот закон дозволил некои африкански земји да извезуваат стоки во САД без царина

Последниве години Лесото успешно извезуваше текстил во САД користејќи ги придобивките од Американскиот закон за африкански раст и можности (Agoa), усвоен во 2000 година. Овој закон, кој го потпиша претседателот Бил Клинтон, им дозволи на одредени африкански земји да извезуваат стоки во САД без царина.

Но, новите тарифи сега ја доведуваат во прашање иднината на овој закон.

Фабриките за облека во Лесото последниве години произведуваа фармерки за главни американски брендови како што се Levi’s и Wrangler.

Облеката сочинува речиси три четвртини од вкупниот извоз на Лесото во САД, која е негов втор најголем трговски партнер по Јужна Африка.

„Поразувачки ден за нас“

Вредноста на трговијата со Америка сочинува повеќе од 10 проценти од вкупниот годишен национален доход на Лесото. Дополнителните трошоци за американските купувачи можат да ја намалат побарувачката и сериозно да ја загрозат економијата на Лесото.

„Ова беше поразувачки ден за нас“, рече Тебохо Кобели, основач на Афри-Екпо Текстилс со седиште во Лесото, за програмата на BBC „Фокус на Африка“.

Тој рече дека целиот ден го поминал во разговори со колегите од индустријата и претставници на владата за да одлучат што понатаму.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран