ПРВ.мк

Млади момчиња од Крива Паланка го ограбиле и убиле соседот – го запалиле телото а остатоците ги закопале

Млади момчиња од Крива Паланка го ограбиле и убиле соседот – го запалиле телото а остатоците ги закопале
Jumbo Banner

Расчистено убиството во кривопаланечко Луке, поднесена е кривична пријава и определен притвор на две лица.

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство’’. На 24.03.2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет.

Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран