Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека пациентот од дискотеката „Пулс“ кој почина во Литванија е 29-годишниот Александар Гавриловски.
„Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше од Градската општа болница упатен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме. Имаме уште двајца критични пациенти“, изјави Таравари.
„Александар имаше повреди, 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта, еден од потешките пациенти, од тие четири кои ги кажувавме критични. Другите двајца сега за сега се критични, но стабилни“, додаде Таравари.
Александар Гавриловски е втор пациент од критичните пациенти, кој беше третиран повеќе од три недели, но не успеа да се избори по тешките повреди.
Министерот Таравари, изрази сочувство до семејството.