Како полесно да се справите со нив?
Некои луѓе можат да ви се претставуваат како пријатели или добри колеги и соседи, а всушност да ви посакуваат зло.
Веројатно во животот сте научиле дека не сите луѓе имаат добри намери. Понекогаш се кријат зад привидна љубезност.
Како да ги сфатите кој ви мисли лошо?
Разберете како да ги препознаете и да им се спротивставите на лошите луѓе.
Тие уживаат во вашата несреќа
Некои луѓе уживаат кога не ви оди. Кога сте во неволја, тоа ги исполнува со некоја чудна среќа. Најголема опасност е што тие можат да создадат непријатни ситуации и искуства за вас и другите, само за потоа да уживаат во несреќата што ја предизвикале. Таквите е важно да ги препознаете на време. Тие исто така уживаат кога се случуваат драматични работи во светот или на глобално ниво и им недостасува сочувство и емпатија.
Сака да има сѐ под контрола
Тие се чувствуваат неудобно или беспомошно кога не можат да ги контролираат сите аспекти на животот. Иако изгледаат пријателски и решителни, тие имаат опсесија со контролата. Но, кога ќе им се приближите, ќе го покажат своето вистинско лице и ќе се обидат да го контролираат и вашиот живот.
Патолошко лажење
Секој понекогаш лаже, но патолошкото лажење е сосема друга работа. Патолошките лажговци постојано лажат и на различни начини манипулираат со лагите, менувајќи ги реалните ситуации и животите кои не им се допаѓаат. Ќе ги препознаете по тоа што нивните приказни постојано се менуваат.
Се чувствувате лошо кога сте со нив
Луѓето ја чувствуваат енергијата на другите. Како што неквалитетната храна влијае на нашата кожа, така и енергијата на другите луѓе влијае на нас на свој начин. Лесно е да се чувствувате исклучително непријатно кога сте во близина на лоши луѓе.
Неприкладни коментари
Меѓу веќе споменатите карактеристики на луѓето кои не посакаат добро, е и суровоста, која ја прави нивната манипулативност прецизно изведена во односите со другите. Подли коментари и понижување произлегуваат од нивните лични фрустрации и најдобро е да се оддалечите од такви луѓе за да не ви нанесат сериозна штета во животот.
Манипулација
Злобните луѓе се во состојба да си играат со вас и да покажуваат добри намери и емпатија, иако тоа не го мислат. Често се одлични манипулатори и ќе бидат љубезни со вас само за да добијат нешто во замена, било да е тоа пари, секс, покорност или нешто полошо.