Приказната на Лорен МакКалак од Шкотска повторно стана актуелна на социјалните мрежи, а зборува за нејзиното ужасно откритие додека средувала детски работи.
Жената објавила видео, кое брзо стана вирално, а веднаш ќе предупредиме дека не е за сите, особено ако се плашите од пајаци.
„Бев преплашена!“
Лорен објасни дека додека диплела детска облека, забележала пајак.
„Прво го видов пајакот со долгите нозе како се движи по работите. Се преплашив! Неколку секунди подоцна видов нешто што личеше на пајажина, но исполнета со многу јајца“, објасни таа.
Необично нешто на облеката
Откако пајакот се сокрил од камерата, мајката забележала нешто необично на зелениот џемпер – и тоа биле неговите јајца. Гледачите биле шокирани.
„Ќе ја запалам мојата куќа и ќе побегам“, напишала една личност, додека друга додала: „Требало да ставиш предупредување на видеото, речиси умирав, ова е мојот најголем ноќен кошмар“.
Се верува дека Лорен го нашла големиот домашен пајак, кој е често гостин во домовите во тој дел од светот, пренесува Mirror.