По прес-конференцијата на СДСМ за работата на ЈП Комуналец, директорот на „Комуналец“ на прес конференција ги демантираше, како што рече лагите кои константно се насочени кон работата на ЈП и сака изворно да ги информира граѓаните за состојбите.
„Во ниту еден момент собирањето на сметот и сите останати обврски на ЈП не се доведени во прашање. Уште неколку факти со кои ќе се докаже кој работел домаќински, а кој не. Во 2018 година, само по основ на репрезентации и спонзорства биле потрошени 3 милиони и 900 илјади денари, а пак во 2019 уште повеќе, 4 милиони и 800 илјади денари. За разлика од овие расипнички трошоци, во 2024 година се потрошени 1 милион и 300 илјади денари, односно три до четири пати помалце од изминатите споменати години. Исто така сакаме да ја информираме јавноста дека со доаѓање на власт наследивме кредит од 20 милиони денари од кои немаше ни една уплата, па во период од две години го затворивме тој кредит, целосно го исплативме и имотот се ослободи од хипотека.
Исто така, овој кредит имаше исклучително влијание во нашето финансиско работење.
Јавното претпријатие Комуналец во изминатите три години може да се пофали со зголемување на приходите од 30 милиони денари, односно наплата по физички, по правни лица над 82%, што во превод значи 155 милиони денари само по овие основи.
И исто така е добро да се спомене дека имаме помал број на вработени од наследената ситуација во 2021 година, но со порастот на платите, а без промена на цените на услугите од 30 години, овие трошоци се значително зголемени.
И на крај, сметам дека е чесно советникот Николовски да им се извини на битолчани за дрското манипулирање и кажување невистини кон јавноста за работењето на нашето јавното претпријатие, “ рече Степановски.