ПРВ.мк

[ВИДЕО] „Колку вреди животот во Македонија“: Две години затвор за возачот кој на пешачки ја прегази и усмрти Теодора Ристовска во Тетово

[ВИДЕО] „Колку вреди животот во Македонија“: Две години затвор за возачот кој на пешачки ја прегази и усмрти Теодора Ристовска во Тетово
Jumbo Banner

Основниот суд во Тетово изрече пресуда во која возачот Менсур Пајазити беше осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која трагично загина 22-годишната Теодора Ристевска од Тетово.

Несреќата се случи во август 2022 година, но судскиот процес траеше повеќе од две и пол години, оставајќи го нејзината семејство во неизвесност и болка.

Сестрата на Теодора, Ева Ристовска, низ солзи праша: “Колку вреди животот на мојата сестра? Може ли некој да го врати животот што беше одземен? Може ли некој да ја врати нејзината младост? Мојата младост, дали може некој да ја врати? Мојата душа, дали може некој да ја врати?”

Ева, обидувајќи се да ги потисне емоциите, додаде дека иако казната од две години не може да ја врати Теодора, ќе им помогне на семејството да најде некаква олеснителна утеха. Таа праша: “Како да запалам свеќа на гробот на мојата сестра и да ѝ кажам дека треба да биде задоволна со оваа казна?”

ELS

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран