ПРВ.мк

Таткото на Вања негираше поврзаност со обвинетите, кои не чувствувале вина, ниту се каеле

Таткото на Вања негираше поврзаност со обвинетите, кои не чувствувале вина, ниту се каеле
Jumbo Banner

Немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметив дека не чувствуваат ниту вина ниту покајание. Приметив дека демонстрираа гнев и разочарување од таканаречениот „цар“, алудирајќи на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. Со овие зборови го започна своето сведочење Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања кој е обвинет дека помогнал во нејзиното грабнување.  Тој тврди дека и во текот на истрагата и во судницата се изнесени ноторни невистини против него.

„Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, додека траат рочиштата претежно мижам. Затворени ми се очите, не можам да ги гледам. Во минатото, не се сеќавам од која временска дистанца, се крена врева поколу објектот „Тифани“ во чија непосредна близина живеам јас и тогаш за прв пат слушнав за Палевски, меѓутоа не како Палевски туку меѓу нас комшиите го нарекувавме Упа. Го немам видено на ТВ ниту запознаено“, рече Ѓорчевски. 

За полицијата смета дека погрешно ја водела истрагата, бидејќи ги уверувале дека не си го знаат детето, дека побегнала во Тетово, потоа во Шведска.  Токму поради пасивноста на полицијата, како што рече, едиствен спас му бил да се фокусира на камерите и да прибавува снимки.

Ѓорчевски сведочеше дека пратил порака во вибер групата на родителите, но ја избришал бидејќи била навредлива за полицијата. Иницијалниот сомнеж на полицијата против него, според Ѓорчевски е бидејќи го поседува станот каде живееше Вања и дека полицијата била љубоморна, бидејќи се имотни. Пратил порака и телефонот на Вања за евентуален откуп. За тоа дека Палевски е инволвиран во грабнувањето на неговата ќерка, Ѓорчевски прв пат слушнал во полициска станица кога бил приведен и кога го прашувале дали комуницирал со него.

ELS

„На секое мое прашање добро луѓе кажете што се случило, кога ќе смогнев сила да прашам ми одговараа дека јас сум тој што треба да им кажам. Велеа дека во другата просторија киднаперите се признале, се отпеале,  дека веќе се се знае само дека уште јас треба да признаам. Не знаев што треба да признаам ги прашав за кои луѓе се работи они ми рекоа дека не ги знам,  дека сум се договарал само со монструмот. Им реков не познавам монструми гангстери. Кој е тој монструм. Ми одговорија Љупчо Палевски“, додаде Ѓорчевски.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ смета дека исказот на неговиот клиент бил јасен и му доловил на судот во што се состои неоснованото обвинение.

„Јас лично не очекувам дека јавниот обвинител, односно застапникот на обвинението туку така едноставно ќе се предаде, јасно му е на јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема, она на што тие одат дека се аргументи и докази не може да бидат докази и аргументи, во кривична постапка реален доказ против Александар не е изведен, така да оставам на совеста на јавното обвинителство понатаму како ќе одлучи“, изјави Туфекџиќ.

Ѓорчевски потврди дека во периодот 1993 до 1995 година бил нарко зависник, но се излечил и немал долгови. Судењето продолжува во петок, кога на Ѓорчевски прашања ќе му поставува обвинителството и одбраната.

Извор: Телма.мк

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран