ПРВ.мк

Потребни се итни и координирани акции за спасување на Преспанското Езеро, вели Меџити

Потребни се итни и координирани акции за спасување на Преспанското Езеро, вели Меџити
Jumbo Banner

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија Рамсар, предводена од Флоре Лафаје, која престојува во нашата земја за да даде стручни совети и препораки како да се третира и да се стопанисува со Преспанското Езеро. Езерото од 1996 година е ставено на листата на заштитени подрачја, а намалувањето на водостојот на на Преспанското eзеро претставува сериозен проблем.

Министерот Меџити на средбата истакна дека Преспанското Езеро во последните неколку години се соочува со значително намалување на нивото на водата, што претставува сериозна закана за неговиот еколошки систем.

„Климатските промени, користењето на водата за наводнување и подземните истекувања се едни од најголемите закани со кои треба да се соочиме и да се обидеме да ги решиме. Овие проблеми не можат да чекаат и затоа се потребни итни и координирани акции“, рече Меџити, додавајќи дека државата прави значителни напори да ги исполни барањата на ЕУ и Зелениот договор за заштита на природата и климатските промени, како и за заштита на водите.

Меџити се заблагодари за одличната соработка со мисијата, која позитивно одговори на барањето на Министерството за животна средина и просторно планирање, и посака успех во работата. Мисијата ќе посети делови од Преспанското Езеро во Македонија, Албанија и Грција, за да анализира зошто се случува овој феномен.

ELS

Претставникот на Рамсарската конвенција, Флоре Лафаје, рече дека е задоволна што има можност да престојува во Северна Македонија и изрази задоволство што Министерството за животна средина покажува зголемената загриженост и што спроведува бројни активности за заштита на животната средина.

„Сакам да изразам задоволство што владите на Македонија, Албанија и Грција остваруваат исклучително добра соработка околу Преспанското eзеро, кое со својата биолошка разновидност важи за бисер на природата, и би сакала да продолжи овој тренд, и со зголемен придонес на ЕУ, УНДП и ГЕФ, во соработка со трите влади, да го решиме овој проблем“, изјави Лафаје.

Министерството за животна средина на Македонија од Секретаријатот на Рамсарската конвенција побара посета на Советодавната мисија, а кон ова барање подоцна се приклучија и Албанија и Грција, претставени на средбата од претставничката од Албанија, Јула Селмани, раководител на секторот за испорака на проекти од Националната агенција на заштитени подрачја и од Грција, Лито Ппадопуло и Виви Румелиту.

Рамсарската конвенција е меѓународен договор воспоставен во 1971 година, додека прва заштитена област во Македонија беше Преспанското Езеро со природниот парк Езерани во 1996 година, потоа Дојранското Езеро во 2008 година, додека во 2021 година на листата беа додадени Охридското Езеро и Студенчишко блато

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран