Белата куќа денеска соопшти дека секоја сугестија дека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува 90-дневна пауза во воведувањето царини, кои ги најави за голем број земји во светот, е „лажна вест“.
„Лажна вест“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за CNBC.
Со ова, Ливит ја демантираше веста на некои американски медиуми, кои повикувајќи се на непознат извор од Белата куќа, претходно денеска објавија дека Трамп разгледува 90-дневна пауза во воведувањето царини за сите земји, освен за Кина.