Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи ескалацијата на глобалната трговска војна, заканувајќи се на Кина со нови царини од 50% ако Пекинг не ги повлече своите одмазднички царини од 34% до вторник.
Оваа закана дојде по новите напнатости на трговските пазари во последните денови.
Трамп објави на социјалната мрежа Truth Social дека новите царини ќе бидат воведени од среда, доколку Кина не ги повлече своите одмазднички тарифи до вторник. Тој исто така најави дека ќе бидат откажани средбите што ги побарала Кина.
„Вчера, Кина објави одмазднички тарифи од 34%, покрај веќе високите тарифи, немонетарни тарифи, нелегални субвенции за корпорации и големи манипулации со валутите. Сето ова се случува и покрај моето предупредување дека секоја земја која ќе одговори на САД со нови царини, ќе се соочи со значителни повисоки тарифи, со долгорочни последици“, напиша Трамп.