ПРВ.мк

Само еден човек го изигра Трамп, и поради неговата генијалност “заработи” близу 13 милијарди долари за само 4 месеци

Само еден човек го изигра Трамп, и поради неговата генијалност “заработи” близу 13 милијарди долари за само 4 месеци
Jumbo Banner

Додека глобалните пазари во последните недели забележаа драматичен пад поради агресивната политика на царини на Доналд Трамп, единствениот од десетте најбогати луѓе во светот чието богатство пораснало оваа година е Ворен Бафет.

Според податоците од Bloomberg Billionaires Index, нето вредноста на Бафет пораснала за 12,7 милијарди долари во 2025 година, и покрај големите загуби на другите милијардери. Во моментов, тој има вкупно 155 милијарди долари, што го поставува на шесто место на глобалната листа на најбогати луѓе.

Во исто време, пазарниот удар предизвикан од новите царини на Трамп за кинеската стока и европските производи избришал речиси осум милијарди долари пазарна вредност за само неколку дена. Најпогодени од ова биле технолошките милијардери: Елон Маск изгубил 130 милијарди долари од почетокот на годината, Џеф Безос повеќе од 45 милијарди, а Марк Закерберг 28 милијарди долари.

Растот на богатството на Бафет е резултат на неговата конзервативна инвестициска стратегија, која вклучува зголемување на уделите на неговата компанија Berkshire Hathaway во петте најголеми јапонски трговски компании – Mitsui, Mitsubishi, Sumitomo, Itochu и Marubeni. Во моментов, Berkshire поседува скоро 10% од секоја од нив, што се покажало како успешен потег сред глобалната пазарна криза.

ELS

За разлика од конкуренцијата, Бафет во последните години продавал акции и акумулирал рекордни парични резерви, кои на крајот на 2024 година достигнале дури 321 милијарда долари. Токму оваа огромна количина на располагање пари му овозможила стабилност и раст, и во турбулентни години како оваа.

„Пророкот од Омаха“ има три клучни принципи

Ворен Бафет, познат како „пророк од Омаха“, го изгради своето богатство преку долгорочна и дисциплинирана инвестициска стратегија. Во својот пристап се потпира на долгорочни инвестиции, доследно придржувајќи се до јасни принципи.

Неговата стратегија се темели на купување подценети акции на компании кои имаат стабилни основи, силен менаџмент и одржлива конкурентска предност. Бафет избегнува шпекулации, а пазарните падови ги смета за прилики за купување квалитетни акции по поволни цени.

Меѓу неговите клучни совети е и познатата изјава: „Бидете внимателни кога другите се алчни, и бидете алчни кога другите се внимателни“, со што ги поттикнува инвеститорите да не ги следат слепо пазарните трендови, туку рационално да ја проценат вистинската вредност на компаниите.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран