ПРВ.мк
Наука/Технологија

Зошто жените хрчат помалку од мажите и кога тоа се менува

Зошто жените хрчат помалку од мажите и кога тоа се менува

Жените генерално хрчат поретко од мажите, бидејќи хормоните естроген и прогестерон го одржуваат тонусот на мускулите во горните дишни патишта. Мажите хрчат речиси двојно почесто, велат експертите.

Сепак, хрчењето кај жените се зголемува по менопаузата и за време на бременоста, особено во третиот триместар, кога падот или промена на хормоните ја намалува поддршката на мускулите и зголемува ризикот од вибрации во грлото и носот.

Дополнителни фактори како алкохол, вишок килограми, алергии или носни пречки исто така го зголемуваат проблемот. Експертите предупредуваат дека новопојавено или засилено хрчење не треба да се игнорира, бидејќи може да биде симптом на апнеја во сон, сериозно здравствено нарушување кое бара лекарска проценка.

Escape