Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски се средношколци од Битола, кои неодамна ја привлечоа вниманието на јавноста како дел од тимот Stay BE. Иако млади, тие веќе работат на сериозни иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција, а нивната идеја „Систем 4“ им донесе престижната титула „Средношколец Милионер“.
„Систем 4“ е платформа која автоматски анализира проблеми во хотелско-угостителскиот сектор и нуди три видови дигитални решенија:
- AI чат-асистент за веб-страниците на рестораните и хотелите,
- AI телефонски агент за комуникација со клиенти,
- Брза изработка или надградба на веб-страници со AI алатки.
Во интервју за порталот Иновативност, Јован Талевски истакна дека тројцата се целосно посветени на развојот на нивните идеи и дека ја ценат дисциплината, креативноста, културата на работа и позитивните односи. Тој додаде дека нивниот успех сака да ги инспирира врсниците да веруваат во себе, никогаш да не се откажуваат и да бидат упорни во создавањето на нешто добро и значајно за светот.
Овој проект е пример како младите во Македонија користат иновативни технологии за решавање на реални проблеми и покажуваат дека возраст не е пречка за големи достигнувања.

















