ПРВ.мк
Македонија

„Зошто замина толку рано, брат?“ – голема тага во семејството на Елвир Мекиќ

„Зошто замина толку рано, брат?“ – голема тага во семејството на Елвир Мекиќ

Голема тага во семејството на македонскиот пејач Елвир Мекиќ. Неговиот брат почина млад, а од него со емотивна порака се прости пејачот Јоце Панов.

„Зошто бе Еки, зошто бе братче, зошто замина толку рано, толку млад и полн со живот, зошто бе брат????“, напиша Панов.

Во своето простување тој се присети на годините исполнети со дружење, смеа и музика, како и на заедничките моменти кои засекогаш ќе останат во неговото сеќавање.

„Со кого ќе се смеам и кој ќе ми пее терци сега?“, стои во емотивната порака.

Панов порача дека ќе го памети Еки насмеан и дека во негова чест ќе продолжи да ги пее песните што заедно ги сакале и пееле.

„Јас ќе те паметам насмеан, и ќе ги пеам за тебе песните што најмногу ги сакаше и секогаш ги пеевме заедно. Збогум ЕКИ.“

Веста за прераната смрт предизвика бројни реакции и пораки со сочувство до семејството и најблиските.

Нека почива во мир. Искрено сочувство до семејството и блиските.