Министерството за внатрешни работи отвори интерен конкурс за пополнување нови работни места во Единицата за брзо распоредување (ЕБР), а повикот е наменет исклучиво за активни полициски службеници.
Станува збор за конкурс од затворен карактер, што значи дека на него не можат да се пријавуваат граѓани кои не се дел од полицијата. Можност за аплицирање имаат веќе ангажирани полициски службеници кои сакаат својата професионална кариера да ја продолжат во ЕБР.
Кандидатите ќе треба да ги исполнат предвидените услови и да поминат соодветни физички и психолошки проверки во рамки на процесот за избор.
За повеќе информации околу критериумите, начинот на пријавување и проверките, заинтересираните полициски службеници можат да се обратат на телефонскиот број 070 351 683.
„Биди дел од тимот. Покажи професионалност, посветеност и подготвеност за предизвик“, се наведува во повикот на ЕБР.
Со интерниот конкурс се отвора можност за заинтересираните активни полицајци да конкурираат за место во една од специјализираните оперативни единици на Министерството за внатрешни работи.








