ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Тешка ноќ: Пожарот повторно се активира, доброволци пристигнуваат од повеќе градови

(ВИДЕО) Тешка ноќ: Пожарот повторно се активира, доброволци пристигнуваат од повеќе градови

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово повторно се разгоре попладнево поради силниот ветер, откако синоќа огнената стихија зафати делови од селото Чаниште.

Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, огнената линија во моментов е долга околу 20 километри, протегајќи се од течението на Црна Река до врвот Маргаро.

На терен се пожарникарите од Прилеп, како и тимови на ДЗС составени од доброволци од Битола. Дополнително се вклучени и доброволци од Кочани и Виница.

Најголем приоритет во текот на ноќта ќе биде заштитата на селото Крушевица, кое се наоѓа на само неколку километри од пожарот.

Во гаснењето во текот на денот биле вклучени и „ер тракторите“ на ДЗС. Со нивната интервенција бил прекинат дел од огнената линија и била намалена опасноста за блискиот манастир и населеното место.

Сепак, состојбата на теренот останува сложена. Високата и сува трева овозможува огнот брзо да се шири, додека силниот ветер дополнително ја отежнува борбата на екипите со пламените јазици.

Екипите остануваат на терен, а во текот на ноќта напорите ќе бидат насочени кон спречување на пожарот да се доближи до Крушевица.

Видео: