Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 54-годишна жена од Делчево, поради сомнение дека неовластено подигала и користела средства од банкарска сметка на нејзиниот починат сопруг.
Според информациите од МВР, случајот го обработила Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево, а пријавата се однесува на кривично дело поврзано со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што наведуваат од полицијата, на 23 декември 2025 година, пријавената ги искористила податоците и полномошното на својот починат сопруг, при што со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат и извршила дополнителни плаќања.
Следниот ден, таа, според истрагата, се обратила и на шалтер во банка, каде не информирала дека сопругот е починат, по што со полномошното подигнала уште средства од сметката.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот е поднесена соодветна кривична пријава против лицето.









