ПРВ.мк
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕМА КРАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: Ги претепал сопругата и малолетната ќерка!

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕМА КРАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: Ги претепал сопругата и малолетната ќерка!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднела кривична пријава против 31-годишниот А.М. од Гостивар, поради сомнение за сторено семејно насилство и сериозни кривични дела поврзани со телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Според информациите од полицијата, на 3 мај 2026 година во семејниот дом настанал насилен инцидент, при што пријавениот физички ги нападнал сопругата и нивната малолетна ќерка.

Од МВР наведуваат дека случајот е целосно документиран и против лицето е поднесена кривична пријава, а понатамошната постапка ќе ја водат надлежните органи.