ПРВ.мк
Македонија

ВЛАСТА САМО ШТО ОБЈАВИ: Овие граѓани да си ги проверат сметките – денеска започна исплатата!

ВЛАСТА САМО ШТО ОБЈАВИ: Овие граѓани да си ги проверат сметките – денеска започна исплатата!

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес, на 8 мај, започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2026 година.

Со оваа исплата, корисниците на парични права веќе можат да ги проверат своите сметки и да располагаат со средствата кои им следуваат според законските права.

Од Министерството информираат дека граѓаните кои поседуваат дебитни картички можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, но и да ги користат средствата за безготовинско плаќање во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои не користат платежни картички, исплатата е исто така достапна од денес, а тие ќе можат да ги подигнат средствата директно во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Со оваа редовна исплата, државата продолжува со поддршката на ранливите категории граѓани, како и семејствата кои користат детски додатоци и други облици на социјална помош.

Најнови вести