ПРВ.мк
Македонија

Жена нападната во Скопје, а случајот за кратко доби пресврт

Жена нападната во Скопје, а случајот за кратко доби пресврт

Две лица од Скопје се приведени откако 74-годишна жена пријавила дека била нападната и ограбена на мостот „Гоце Делчев“ во главниот град. Според пријавата, настанот се случил вчера околу 13:05 часот, кога со употреба на физичка сила ѝ бил одземен накитот што го носела.

Полицијата реагирала по пријавата и неколку часа подоцна, околу 15:30 часот, ги лишила од слобода двајцата осомничени, на возраст од 39 и 28 години. Станува збор за лица од Скопје, кои биле приведени од полициски службеници од СВР Скопје.

Според информациите, одземените предмети биле пронајдени и ќе ѝ бидат вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против приведените ќе следуваат соодветни поднесоци.