Вечерва во 20:08 часот, југоисточните делови на Републиката почувствуваа земјотрес, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот бил во Р. Грција, околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML 5.0.
Интензитетот на земјотресот во Македонија бил оценет како III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил почувствуван од населението, но без значителни материјални штети.


















