ПРВ.мк
Македонија

Земјотрес го стресе тлото – почувствуван во повеќе делови во Македонија

Земјотрес го стресе тлото – почувствуван во повеќе делови во Македонија

Слаб земјотрес вечерва беше почувствуван во Скопје и околината, потврдија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Според првичните информации, потресот е регистриран околу 21:54 часот и бил со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала. Од Опсерваторијата наведуваат дека земјотресот бил почувствуван со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, но нема информации за причинета материјална штета.

Податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) покажуваат дека земјотресот се случил во 21:53 часот, со епицентар на околу 11 километри североисточно од Скопје, во пограничниот регион меѓу Северна Македонија, Косово и Србија.

Според ЕМСЦ, потресот бил на длабочина од околу 15 километри, а неговата јачина изнесувала 2,5 степени според Рихтеровата скала. Засега нема информации за повредени лица или поголеми последици од земјотресот.