Општина Велес ги извести жителите на селата Иванковци и Кумарино дека водата од селските водоводи не смее да се користи за пиење.
Забраната е воведена согласно решенија издадени на 20 август 2026 година од Агенцијата за храна и ветеринарство, откако била утврдена неправилност.
Водата од селските водоводи во Иванковци и Кумарино нема да смее да се користи за пиење сè додека надлежниот орган официјално не ја укине забраната.
На повеќе локации во двете села веќе се поставени предупредувања со натпис „ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ“.
Од Општина Велес најавуваат дека јавноста веднаш ќе биде информирана штом биде добиена официјална потврда дека водата повторно е безбедна за употреба.
Во меѓувреме, жителите се повикуваат доследно да ја почитуваат забраната и да постапуваат според насоките на надлежните институции.






