Владата одлучи да ја продолжи кризната состојба за уште 30 дена, со цел да се обезбеди навремена и координирана помош за справување со пожарите и заштита на населението. Сите човечки, технички и логистички ресурси остануваат мобилизирани за ефикасна борба против огнените стихии.
Поради висок ризик од шумски пожари, важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, која важи од 1 јули 2025 година и ќе трае до 31 август 2025 година. Владата апелира до граѓаните да ја почитуваат оваа забрана.
Непочитувањето на оваа одлука ќе биде казнето со парична казна од 1.500 до 2.000 евра, соопштија од Владата.