Од смртта на Ана Никол Смит поминаа 18 години. Таа почина на 8 февруари 2007 година, на врвот на својата убавина, кога ќерка ѝ Даниелин имаше само шест месеци.
Долги години важеше за една од најпосакуваните жени во светот – платинеста коса, совршена фигура и очи што го заведуваа целиот Холивуд. Беше лице на модната куќа Guess и ѕвезда на Playboy. Но, зад сјајот и бајковитиот брак со 63 години постар милијардер, се криеше животна приказна полна со контрасти, борби и трагедии.

Во документарниот филм „Anna Nicole Smith: You Don’t Know Me“ се обидуваат да ја откријат вистинската страна на оваа икона од 90-тите, чија репутација често беше под сенка на етикети како „сопруга по интерес“, „сакана на пари“, „старлета“ и „стриптизета“.
Како го запознала милијардерот Во 1991 година, додека работела како танчерка во ноќен клуб во Хјустон, го запознала нафтениот магнат Џејмс Хауард Маршал, кој тагувал по љубовница што починала по естетска операција. Следниот ден ѝ подарил 1.000 долари, а таа веднаш дала отказ.

Иако ја запросил неколкупати, прифатила да се омажи дури откако сама изградила успешна манекенска кариера. Се венчале во 1994 година – таа имала 26, а тој 89 години. Бракот предизвикал шок и многу критики во јавноста, особено поради нејзините раскошни трошоци, како шопинг од два милиони долари во еден ден.
Маршал ѝ подарувал скапи автомобили, имоти и станови, но нивниот брак траел само една година. Во 1995 година починал од воспаление на белите дробови, оставајќи зад себе богатство од две милијарди долари – без да ѝ остави ништо.
Судски битки и банкрот Ана тврдела дека ѝ ветил половина од имотот, но неговото семејство, особено синот Пирс, го негирало тоа. Следувале долги судски процеси, дури двапати стигнати до Врховниот суд на САД, но на крај не добила ништо и била приморана да поднесе барање за банкрот.

Семејна трагедија На 10 септември 2006 година, нејзиниот 20-годишен син Даниел починал во болничката соба каде што бил во посета на Ана и својата новородена полусестра. Обдукцијата покажала дека смртта е предизвикана од комбинација на дрога и антидепресиви.
Славата и падот Ана ја започнала кариерата откако со 14 години го напуштила училиштето и испратила фотографии до Playboy, каде станала „Зајачица на годината“. Потоа станала заштитно лице на Guess, се појавувала во филмови и живеела раскошно, но и се борела со внатрешни демони.
Во 2007 година, на 39-годишна возраст, починала од несреќно предозирање.
Наследството и ќерката По нејзината смрт, правните спорови за наследството продолжиле, но без успех. ДНК тест потврдил дека татко на ќерка ѝ Даниелин е фотографот Лери Биркхед, кој денес, кога таа има 18 години, ја чува од медиумите и лажните информации за нејзино богатство.